Темен режим Режим на светлина

Во Берово измерени -11 степени утринава

Државата утрото го дочека со негативни температури и стабилно време. Најстудено беше во Берово каде беа измерени -11 степени, додека во Крива Паланка, Маврови Анови и на Попова Шапка температурата се спушти до -10 степени. На авиодромот во Скопје-Петровец беа измерени -9 степени.

Во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево утрото донесе -8 степени, а -7 се измерија во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип. Претор и Виница забележаа -6 степени, Охрид и Битола -5, додека најмалку студено беше во Гевгелија со -4 степени.

Снег има на планините. Најголема снежна покривка од 24 сантиметри е измерена на Попова Шапка, 7 сантиметри во Маврови Анови и 3 сантиметри во Крушево.

Претпладне времето беше сончево со мала облачност, а по некои котлини се појави магла. Според прогнозата, попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 4 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Денеска се празнува Свети Јован Крстител

Следна објава
Ракометарите со реми против Австрија по водство од +4

Ден за ракомет: Македонија ќе ги одмери силите со Романија