„Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДСМ, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија констатираат дека додека народот е против, Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања. Вака отворено против граѓаните може да излезе само уценет политичар кој е заглавен во криминал.
„Нема човек во државата на кој не му е јасно дека Венко Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали и затоа е должен да му одговори на македонската јавност, со што точно е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.




