Земјоделците блокираа неколку гранични премини меѓу Белгија и Холандија, но и од Белгија кон Германија, протестирајќи против даночните оптоварувања, зголемените трошоци, евтиниот увоз и бирократијата, пренесуваат белгиските и холандските медиуми.
Граничниот премин во правец на Антверпен, вториот по големина град во Белгија и дом на второто по големина пристаниште во Европа, е еден од блокираните премини, се вели во објавата на платформата Х.
Локалните медиуми објавија дека повеќето од демонстрантите дошле од Белгија, а некои од нив биле Холанѓани.
Во западна Белгија, земјоделците веќе неколку дена ги блокираат камионите да влезат или да излезат од пристаништето Зибриж, кое е дел од пристаништето Антверпен-Бриж, а фламанската телевизија VRT објави дека речиси 2.000 камиони се заглавени.
Од истите причини незадоволни се и земјоделците во другите делови на Европа, со протести забележани во Германија, Полска, Грција, Португалија и Романија.