Возач во Македонија фатен со 4,03 промили алкохол во крвта

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестАнтикорупционерите бараат разрешување на раководството на Фондот за иновации заради дадените грантови на внукот на Ахмети
Следна вестВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за избор на кандидат за претседател државата