Приведен малолетник за уцена, барал пари од малолетничка за да не објави компромитирачки материјал

Синоќа во 21.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје, Единица за насилен криминал-ОНК во координација со Одделение за криминалистички работи Чаир од слобода бил лишен малолетник од Скопје осомничен за сторено кривично дело „Уцена“.

Малолетникот побарал пари од малолетничката, со која претходно бил во љубовна врска, за да не објави компромитирачки материјал за неа.

Уцената била пријавена од родител на малолетничката, по што веднаш биле преземени соодветни мерки и активности.

На малолетничката и биле дадени крим технички обработени пари и во моментот кога таа му ги дала на малолетникот, тој бил приведен од полициски службеници.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

Претходна вестПолициска акција во угостителски објекти во Скопје, има приведени
Следна вест8 починати лица, регистрирани 214 новозаразени со коронавирус