Темен режим Режим на светлина

104 санкционирани возачи во Скопје, 29 возачи на мотоцикл

МВР воведе промена во сообраќајот за денот на Задушница МВР воведе промена во сообраќајот за денот на Задушница

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Македонија секоја година опаѓа бројот на новороденчиња

Следна објава

Во Меморијалниот центар на Холокаустот ќе биде отворена изложба посветена на д-р Александар Сингер