Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои 5 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 10 мерки за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.