129 вработени во УЈП треба да ги вратат зголемените износи на платите за 7 месеци

Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи кои биле унапредени и добиле зголемени плати со незаконска одлука и акти на поранешната директорка Сања Лукаревска донесени во изборен процес и на ден пред заминување од функцијата, ќе треба да ја вратат разликата во платите од почетокот на годината до сега. Тие ќе треба да бидат вратени на позициите на кои биле пред одлуката. Финансиската штета од тоа изнесува околу 18 милиони денари.

Овие вработени биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале незаконски договори со кои станале даночни службеници. Одлуката и актите за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова. ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи овие договори. За хаосот кој е направен во УЈП по инспекциите на Државниот инспекторат за труд и по мислењето на  Антикорупциската комисија  денеска информираше директорката на УЈП, Елена Петрова

Петрова рече дека сега вработените се доведени во независна положба, а таа заедно со синдикатите бараат законско решение на проблемот кое нема да има и големи последици врз вработените.

– Бараме најсоодветно решение со синдикатите, а една од опциите е потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија, рече таа.

Како што објасни Петрова, Државниот инспекторат за труд дека е незаонита колективната одлука за прекинување на старите договори за вработување со кои претходната директорка ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат со работат до склучувањето на нови договори според новите интерни правилници.

–  ДИТ донесе Решение со кое наложи на УЈП да ја поништи незаконитата Одлука. Од друга страна, ДКСК констатира повреда на изборниот процес. Во моментов, јас сум соочена и треба да ја извршам наредбата на трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништувањето на Одлуката, што практично значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишување на изборите, што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисоки плата со промена на нивниот статус, појасни Петрова.

Претходна вестЗа два месеци третман во „Лајка“ поминале 214 бездомни кучиња, а уште колку имаат за заловување?
Следна вестВладата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање