13 починати и 155 нови заразени во 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г,  и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г  и 50г), по 2 починати лица од  Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82), сите во болнички услови.

Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290, од кои 3.857 во Скопје.

 

Претходна вестНа прагот на зимата температурите и натаму високи
Следна вестПоевтинува дизелот, бензините со иста цена