13 заразени во карантински хотел одново го ставаат Мелбурн во „локдаун“

Вториот најнаселен град во Австралија, Мелбурн, ќе воведе петдневен целосен карантин, откако во карантински хотел се регистрирани 13 случаи на заразени со корона вирус.

Потврдено е дека се работи за британската мутација на вирусот, која е позаразна и побрзо се шири.

Премиерот на Викторија, Дениел Ендруз најавувајќи го карантинот, рече дека од полноќ се забрануваат јавни собири, домашни забави, венчавки и верски собири.

Во врска со Отвореното првенство на Австралија, кое трае до 21 февруари, Ендруз истакна дека тенискиот турнир се смета како работен простор за кој важат новите ограничувања.

– Нема публика, само минимален број персонал, за да може безбедно да се работи. Овие луѓе се всушност на своето работно место, рече тој. 

Претходна вестПоради реконструкција на булеварот: Делови од „Гологанов“, „Њуделхиска“ и „Анкарска“ без вода
Следна вестУште една потенцијална вакцина на пазарот – се испитува германската „Кјур-вак“