За по два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е поголемо за еден сантиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисок од просекот за мај, додека нивоата на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,97 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското Езеро.
Повисок од просечниот за овој период од годината е и водостојот на речиси сите реки во земјава и главно бележи зголемување во споредба со вчерашниот
Преспанското езеро се уште чека на конкретни мерки за неговото спасување од исушувањето што му се случува наназад со години. Премиерот Димитар Ковачевски во јануари изјави дека ќе се прават анализа и мерки за спас на Преспанско езеро.
-Државата ќе преземе се што е во нејзина надлежност и можности во однос на непогодата која што се случи на Езерото Прсепа. Преспанското езеро природно е поврзано со Охродското Еезеро и нормално дека како резултат на овие климатски промени како на пример има се помалку врнежи и водостојот на езерите и реките во државата е намален како и во цела Европа, се случува големиот дел од езерата и реките да се со намалена количина на вода. Ние разговаравме со ресорните министерства по однос на овој проблем и во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро. Се работи за огромен проект кој треба да биде поддржан и од нашите партнери. Државата нема да го остави Преспанското Езеро, рече тогаш Ковачевски.
Но, се уште нема информации до каде е стасан овој процес.