148 санкционирани возачи во Скопје, 24 возачи на мотоцикли

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои и 24 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопскитес ообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало  27 санкции и  седум санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестСончево и многу топло време со температура до 39 степени
Следна вестХеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско, има индиции дека е подметнат