15.000 луѓе на протест во Загреб против задолжителните ковид пропусници

Протести против ковид пропусниците денеска имало и во Хрватска. Имено, во Загреб се собрале околу 15.000 луѓе кои барале да се укинат задолжителните потврди за ковид, кои се во сила во Хрватска во секторите за здравство и социјални услуги, како и во јавните и државните институции.

Дел од протестантите се упатиле да негодуваат и пред зградата на ХРТ затоа што не биле задоволним  како телевизијата информира.

Инаку, како што пренесуваат тамошните медиуми, протестанти пристигнувале во Загреб со автобуси од цела Хрватска.

Претходна вестПротест во Скопје: Не попуштаме на притисокот на Филипче за вакцинирањето
Следна вестВремето денес сочево и топло, од утре следат големи промени