151 санкционирани возачи во Скопје, секој трет возел пребрзо

Прребрзото возење и вчера било најчест сообраќаен прекршок на скопското подрачје. Се чини дека последниот ден на викендот и намалениот сообраќај ги поттикнале незовесните возачи да не внимваат на ограничувањето на брзината од 50 километри на час. Резултат на тоа се вкупно 53 изречени санкции за пречекорување на брзината.

МВР денеска соопшти дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка.

-Меѓу нив и 26 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за нерегистрирани возила…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЗемјотрес во Албанија предизвика вознемиреност и во дебарско
Следна вестСтановите се поскапи, квадрат во Скопје стаса и до 2.200 евра