164 сообраќајни прекршоци во Скопје, пребрзо возеле 13 возачи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 13 мерки за возење без возачка дозвола како и 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

-Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

Претходна вестСончево и топло, попладне невреме со пороен дожд
Следна вестУапсени седум лица за продажба на парцели на ЕВН во делчевско