165 казнети возачи во Скопје, речиси секој втор возел пребрзо, 20 биле пијани

Пребрзото возење и вчера беше најчест прекршок што го прават возачите на скопското подрачје. Информацијата на МВР покажува дека речиси секој втор санкциониран возач казната си ја должи на одлуката да вози пребрзо. Но, имало и повеќе возачи кои биле пијани зад воланот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти полицијата.

Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

Претходна вестСеверот на Косово помина мирна ноќ но блокадите и тензиите не исчезнаа
Следна вестБелгиската полиција нема да казнува, ќе протестира