Во изминатово деноноќие направени се 1.088 тестови, а регистрирани се 165 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 91, Куманово и Прилеп – по 11, Кавадарци – 9, Велес – 7, Охрид и Берово – по 4, Битола, Тетово и Струмица – по 3, Гостивар, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија , Кратово и Крушево – по 2, Ресен, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (165), регистрирани се 39 реинфекции. Регистрирани се 384 оздравени пациенти.
-Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70г-78г. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 05.09-10.09.2022, се наведува во информацијата.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638.