На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за управување под дејство на алкохол.
-Изречени се осум мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информира полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.