169 нови позитивни случаи на Ковид-19, почина едно лице

Во изминатово деноноќие направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи на Ковид -19, соопшти Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции. Регистрирани се 242 оздравени пациенти.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на ден 28.08.2022 година во болнички услови, се наведува во инфорамцијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.

Претходна вестПриведен скопјанец кој се самозадоволувал пред малолетничка од Охрид
Следна вестБислимовски почна да је штеди струјата во РКЕ: Одам по скали, планирам да ја намалам тежината