Ноќеска, во 03:04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај село Марена, патничко возило „Фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.