На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои и девет мерки за минување на затворен сигнал, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина имало 17 санкции и 15 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени се и три санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за некористење сигурносен појас… , се наведува во соопштението.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.