175 санкционирани возачи во Скопје, 32 за управување под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас…“, известуваат од МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестМакедонските граѓани кои имаат неважечки пасош ќе плаќаат по 30 евра за патниот лист со кој ќе можат да дојдат во Македонија
Следна вестАлбанската полиција уапси измамник кој за 215.000 евра ветил бугарски пасош и акции во турска компанија