Вучиќ: Уапсени две лица кои признале дека ја убиле Данка Илиќ

Српската полиција упаси две лица кои ја убиле малата Данка Илиќ и кои го признаа злосторството, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна седница на Советот за безбедност.

-Имаме лоши вести за Данка… Полицијата упаси две лица кои, доколку добро разбирам, го извршија убиството на малата Данка, рече тој во изјавата која ја пренесе српскиот весник Блиц на својот портал.

Во информацијата се наведува дека осмничените го признале злосторството.

Вучиќ додаде дека тие лица сега ја водат полциијата до местото каде се наоѓа телото.

-Тие го признаа делото и ја водат полицијата до местото каде го фрлија телото, рече Вучиќ.

Српската АТВ објави дека телото на двегодишното девојче било фрлено во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Претходна вестНенад Костески успешно опериран, го чека период на заздравување
Следна вестБраво, оркестарот на „Танец“ покажа како се чува македонското музичко наследство