181 сообраќајни прекршоци во Скопје, осуммина поминале на црвено светло

На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерки, меѓу кои и осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 66 санкции како и 15 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење на мобилен телефон…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСДСМ: Ниту еден збор поврзан со спорот со Бугарија од устата на Мицкоски нема значење
Следна вестПронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица