19-годишно момче се повредило на работа

Со тешки телесни повреди се здобило 19-годишно момче З.Љ., при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачје на општина Центар. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил известен инспектор од Државен инспекторат на труд.

Претходна вестЈСП со дополнителен број автобуси за Задушница
Следна вестАктерката Скарлет Јохансон ja тужи вештачката интелигенција