Мицкоски најавува отворање на телефонска линија за пријавување на корупција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, врзано за изјавата дека му бил нуден поткуп за  за Коридорот 8, изјави дека јавно ќе се бори против криминалот и корупцијата во државата.

Тој во Македонска каменица рече дека наскоро ќе иницира отворање на телефонска линија, каде што ќе може граѓаните да пријавуваат криминални и коруптивни дејствија.

-Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што е тоа стар тендер, јавна набавка која ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив јавно да се борам со криминалот и корупцијата, и тоа е порака дека времето за криминалците во политиката заврши. Време е за чесни политичари кои го сакаат својот народ. И така ќе продолжиме. Сакам да отвориме една телефонска линија, и на таа линија граѓаните да пријавуваат криминал и корупција. Кај нас тоа е од пандемиски размери. Додека сум јас премиер, место за криминалците во политиката ќе нема. И затоа на секој еден именуван функциониран од ВМРО-ДПМНЕ му испраќам порака: Да го чуваш својот образ, и така ќе го чуваш мојот и на организацијата, рече Мицкоски.

Претходна вестПрилепчанец палел ѓубре па предизвикал пожар, добил пријава
Следна вестВМРО-ДПМНЕ ја обвини Костадиновска Стојчевска дека со службената картичка во Виена за 4 ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1.200 евра