Нов земјотрес вторникот вечерта беше почувствуван во Македонија.
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) со седиште во Франција, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер.
Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри.
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван неделата вечерта во Македонија, а епицентарот беше во Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија објави мерки што треба да се преземат пред, за време и по земјотрес.
Во брошурата, која може да се отвори со скенирање на кју-ар кодот, се наведуваат сите мерки што се корисни да се знаат и кои се однесуваат на тоа што е потребно да се има подготвено во случај да има земјотрес и каде и како граѓаните треба да се засолнат.