20 милиони евра заработиле приватните лаборатории изминативе 3 години на ПЦР тестови

За време на тешката пандемија некој добил шанса за голема заработувачка. Имено, ревизорите од Државниот завод за ревизија во објавениот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување открија дека приватните лаборатории изминативе 3 години ќариле 19.9 милиони евра на ПЦР  тестови. Покрај тоа се откриени и други аномалии.

– Клучни слабости на системот се неажурираната листа на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО. Исто така во 2021 година реализиран е значајно помал број на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи имаат добиено статус на неодржливи, се вели во извештајот на ревизорите.

Како што велат од ДЗР, целта е да се добие разумно уверување дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива. Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

-Во извршената ревизија се констатирани  слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на договорните казни, поради невоспоставени контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците остварувале плата, како и слабости при утврдување и контрола на реализација на условен надоместок на ЈЗУ, велат оттаму.

Како клучни препораки ДЗР се посочуваат воспоставувањето на систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти. Дел од –прерпораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.

Претходна вестДресот на Коби Брајант продаден за речиси шест милиони долари
Следна вестОдбележан денот на руската дипломатија, Битола се потсети на убиениот конзул Ростовски во 1903 година