20 годишник од Дебар силувал 14 годишно девојче

Полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар, го привеле Е.Ф.(20) од Дебар, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.

-Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Осомничениот е приведен вчера во 18:30 часот, а како што се дознава станува збор за малолетничка на возраст од 14 години.

Претходна вестОд три жени во Центар и во Аеродром украле златен накит, добија кривични пријави
Следна вестПромоција на велосипедската рута „Транс Динарика“ долга 5.000 км од кои 650 км низ Македонија