20 илјади вакцини за постарите од 75 години, 4 илјади за МВР, АРМ, новинарите, судовите, ЈСП…

Од почетокот на следната недела ќе се вакцинираат вработени во критичната државна инфраструктура и за нив ќе бидат одвоени 4.000 вакцини од првичните 24.000 на „Астра Зенека“ кои пристигнаа викендов преку механизмот Ковакс.

Ваква одлука денеска донела Националната техничка група за имунизација, соопшти Министерството за здравство.

Тука спаѓаат: вработените во МВР и Армијата, новинари, вработени во судовите и обвинителствата, возачите на автобусите на ЈСП, пожарникарите, воспитувачките во градинките и вработените на патарините.

Секоја институција треба да достави списоци на вработени кои се приоритетни согласно ризикот.

Со останатите 20.000 вакцини што пристигнаа изминатиот викенд од утре ќе почне имунизацијата на граѓаните над 75 години.

 

Претходна вестСрпски лекар тврди дека комата на пулмологот Ѓорчев не е последица на вакцината
Следна вестСпоред договорот Заев-Мицкоски: Локалните избори би се одржале на 24 или на 30 октомври