На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои 24 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Полицијата наведува дека за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 43 санкции и 23 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник…, се наведува во денешната информација.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцира МВР.