Денеска се одбележуваат 21 година од трагичното загинување на припадникот на МВР, Бобан Трпков, на браникот на татковината во војната во 2001 година. Трпков беше потоа постхумно одликуван со медал за храброст.
На спомен-бистата на Трпков во Драчево цвеќе положи министерот Оливер Спасовски.
-Во негова чест денеска се одржа и 21.Меморијален турнир во мал фудбал, на игралиштето каде што растеше херојот Трпков, а учество земаа припадници на МВР – Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје. Нека му е вечна слава на бранителот Трпков“, се вели во објавата на Спасовски на социјалните мрежи.