21-годишник од Кондово нападнал полицајци, носел и нож

Приведено е момче од скопското село Кондово кое вчера се однесувало агресивно кон полциските службеници кај кого бил пронајден нож.

На 08.11.2020 во 22.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(21) од с.Кондово, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При извршен преглед кај него бил пронајден нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Претходна вестКако назначувањето на в.д. директори стана пракса за усреќување на партиски кадри?
Следна вест22-годишник приведен во Скопје откако го нападнал колегата