21 годишен скопјанец е тешко повреден синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, откако во него удрил автомобил. Возачот кој ја предизвикал несреќата избегал од местото на настанот.
– Момчето со иницијали С.П. е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.