22-годишен сезонец од Македонија се удави на црногорска плажа

Младо момче од Македонија се удави синоќа околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар во Црна Гора, објави порталот Приморски.ме.

Според информациите на овој портал, 22-годишен млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.

На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција.

Претходна вестСДСМ: Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?   
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ животот е најтежок, народот нема пари ниту за леб