22-годишник загина од струен удар

Во Тетово е пријавен смртен случај на 22 годишник од Боговиње, кој животот го загубил поради повреди здобиени од струен удар. Трагичниот настан се случил во соседното Камењане, каде 22 годишниот работел како градежен работник.

-Во тетовската Клиничка болница бил донесен 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње кој претходно, според првично пријавеното, задобил тешки телесни повреди од струен удар додека бил ангажиран на изведување на градежни работи (фасадирање) на училишен објект во тетовско Камењане. По извршениот преглед, лекарите констатирале негова смрт. По наредба на Јавниот обвинител ќе се врши обдукција на безживотното тело на Е.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Претходна вестВикендов ќе се прска против комарци
Следна вестШто презема државата за да го обезбеди опстанокот на нацијата?