На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и 21 мерка за возење без возачка дозвола и девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
-Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување…, наведува полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.