Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
![](http://a.sitel.com.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=12&loc=https%3A%2F%2Fsitel.com.mk%2F226-sankcionirani-vozachi-vo-skopje-11-za-brzo-vozenje-19-bez-vozachka&cb=8035bc6dd2)
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон. Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.