26-годишен скопјанец шетал со четири ножеви на расклопување

Поседување на ножеви на расклопување е причина за приведување на едно лице вчера во Гази Баба, соопшти полицијата.

-Во вечерните часови на 16 февруари, при претрес на подрачјето на Гази Баба, кај 26-годишниот М.Ј. од Скопје, најдени се четири ножеви на расклопување. Тој е приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје, соопшти полицијата.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестДали меѓу незадоволните во коалицијата на СДСМ е клучот за најавеното ново парламентарно мнозинство?
Следна вестКаде шетаат легнатите полицајци од пред „Мајчин дом“?