26 годишно момче од Албанија паднало од балкон во Кичево

26 годишниот М.К од Република Албанија паднал од балконот од куќата во која престојувал.

Според информации на МВР, рано утрово во 03.55 часот, И.В.(57) од Кичево во полициската станица пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица „11 Септември“ во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.

 

Претходна вестОд утре вакцинираните лица во Србија добиваат дигитални ковид сертификати
Следна вестДве суви дрвца, двајца градоначалници, две години…