26 од „рамковните“ административци одбиле да ги потпишат решенијата, 135 не се ни појавиле

Од вкупно 1.349 административни работници кои беа примени според Рамковен договор, 1.180 ги потпишале решенијата со кои по десет години, конечно ќе почнат да одат на работа.

Од Министерството за политички систем kаде тие досега се водеа како вработени велат дека 26 одбиле да ги потпишат новите решенија и одат на трансфер-листата на Министерството за информатичко општество и администрација, кое ќе ги распореди на други работни места.

Неподигнати останале уште 135 решенија, бидејќи лицата не се ни појавиле.

„Рамковните вработени“ се распоредени во 237 институции во државата кои треба да направат систематизација и да ги вклопат во структурата.

Претходна вестЌе стане ли возењето со телефон во рака дел од возачкиот испит?
Следна вестБратски си чувале хероин и кокаин во специјален бункер