Уште 35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди траен престој.
Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.
Во земјава сега има 407 граѓани од Авганистан, откако претходно си заминаа две групи.