39-годишник истепал пензионер во Центар

39-годишен скопјанец се степал со пензионер, во Центар по што морала да интервенира и полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 01.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(39) и А.Х.(66), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се вели во соопштението на МВР доставено до медиумите.

Претходна вестМуцунски објави: Секој понеделник со химна ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром
Следна вестПриведени шест албански државјани во Тетовско