Денеска беше презентирана Националната платформа за онлајн учење. Но многу деца во Македонија немаат компјутер, па затоа училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца кои немаат техничка опрема за следење на онлајн наставата.
-Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца ќе имаме часови кои ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите коишто треба да ги добијат во училиште, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска.
Тие деца исто така ќе бидат подложни на оценувањето во училиштата.