43 кинески воени авиони биле забележани околу островот Тајван во последните 24 часа. Ова го соопштува Министерството за одбрана на Тајван, и се додава дека се забележани и 7 бродови.
-37 авиони ја минале демаркационата линија, се додава во соопштението.
Во текот на изминатата година, Пекинг ги засили воените активности околу Тајван, кој го смета за своја територија. Според локалните медиуми, бродови и авиони биле забележани помеѓу 06:00 часот во вторникот по локално време и 6:00 часот во среда.
Меѓу откриените авиони се шест „Су-30“, 16 борбени авиони „Шенјанг Ј-16“ и четири „Ченгду Ј-10“, потоа четири бомбардери „Ксиан Х-6“, како и извидувачки авиони, авиони за досипување на гориво и беспилотни летала.
Фото: Архива