45-годишен радовишанец во повеќе наврати силувал малолетничка

Жител на Радовиш на возраст од 45 години во периодот од јануари до април оваа година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштеното, случајот бил пријавен вчера во полициската станица во Радовиш.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходна вестТаткото на убиената Вања оди во домашен притвор
Следна вестНорвешка донираше 76 неборбени моторни возила за армијата на Македонија