48-годишен човек пронајден починат во стан во Ѓорче Петров

133

Починат скопјанец пронајден рано утрово со стан во скопско Ѓорче.

– Денеска во 05.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат О.Б.(48). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција, информираа од полциијата во дневниот билтен.

Претходна вестМицкоски: „Чагатај Кабло“ се проширува со 6 милиони евра и 200 нови вработувања
Следна вестХеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран