504 нови случаи на Ковид19, пријавени две починати лица

Во изминатово деноноќие направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 264, Битола – 38, Велес – 30, Куманово – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 19, Тетово и Струмица – по 15, Струга – 11, Кичево – 10, Штип – 6, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 5, Неготино – 4, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 3, Радовиш – 2, Делчево, Берово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (504), регистрирани се 133 реинфекции.

Регистриран е 321 оздравен пациент од: Скопје – 166, Битола – 24, Куманово – 16, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 14, Велес и Штип – по 12, Гостивар – 9 , Пробиштип – 6, Прилеп и Неготино – по 5, Радовиш и Крива Паланка – по 4, Кочани, Гевгелија и Валандово – по 3, Струмица – 2, Делчево, Дебар, Богданци, Кратово и Дојран – по  1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се  регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на  16.06.2022 и 30.06.2022г., се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490.

Претходна вестСобраниската расправа за францускиот предлог: Свират вувузели, се разменуваат навреди…
Следна вестКомисија за заразни заболувања: Има зголемување на нови случаеви од 79,9 отсто, нема препорака за нови мерки,