Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција во овој град.
– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега во три седмици откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 12.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилатa – рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кичево да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

-Само за еден час во денешната акциска контрола во Кичево се изречени 70 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола…“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната контрола во Кичево ќе бидат презентирани утре.

Претходна вестСДСМ не гледа причина за лидерска средба за односите со Бугарија, економијата, пописот…
Следна вестГрадоначалниците не само што не му даваат, туку и му ја одземаат душата на Скопје