Скопјанец на 56-годишна возраст загина вчера во сообраќајна несреќа на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“.
Од МВР информираат дека во несреќата, покрај скопјанецот, учествувало возило со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.